Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 септември 2012
По молкот кој владееше во локалните институции, велешките политичари од власта се отворија за случајот ,, Хотел Горно Врановци,,. Градоначалникот Петров го потврди пишувањето на ТРМР дека Уставен суд ги барал и добил документите за постапкта за подарувањето на Хотелот, дека ја добиле одлуката на Државниот инспекторат за локална самоуправа со која подарувањето на објектот е незаконски и не произведува првни дејствија. Претседавачот на Советот пак информираше дека со решението ги запознале надлежните од општина Чашка, истите им ги препратиле.
Ја информирав општина Чашка дека Државниот инспекторат за локална самоуправа го запре случајот со подарувањето на Хотелот во Горно Врановци, дека е покрената постапка пред Уставниот суд и треба да се почека неговата одлука - изјави Славчо Чадиев претседавач на Советот на општина Велес, по чија иницијатива објектот беше подарен.
И покрај ваквите јасни предупредувања и укажувања, општина Чашка брза да го продаде хотелот. Во понеделник на први октомври е закажана втората лицитација со почетна цена до 400 илјади евра, откако првата пропадна оти никој не се јави на неа а тогаш почетната цена беше половина милион евра. Но затоа градоначалникот на Чашка одговорноста за подарувањето ја препиша на општина Велес.
Ние имаме имотен лист и хотелот ќе се продава. Тие што направиле грешка во постапката нека одговараат, ние немаме ништо со тоа – изјави Горан Пановски градоначалник на Чашка. Јавноста во градот пак ја чека одлуката на Уставен. Донесената одлука за подарување на Хотелот во Горно Врановци е незаконска и спротивна на законот, не може да произведе правни дејствија, па истата се запира, стои во решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Tweet |